Гутереш: Луѓето со инвалидитет се тешко погодени од пандемијата

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата на коронавирусот во однос на смртност. – Процентот…

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата на коронавирусот во однос на смртност.

– Процентот на смртни случаи од Ковид-19 во домовите за стари и немоќни, во кои доминираат стари лица со инвалидитет, се движи од 19 проценти до неверојатни 72 отсто, рече тој.

Гутереш истакна дека лицата со инвалидитет се соочуваат со недостиг на достапни здравствени информации, пречки да ги применат основните мерки за хигиена и непристапни здравствени установи.

Ако се заразат со болеста предизвикана од новиот коронавирус, „многумина веројатно ќе развијат тешки здравствени симптоми што можат да резултираат со смрт“, рече тој.

Во извештајот тој се препорачува одговор кој ќе вклучува лица со инвалидитет и нивно закрепнување во криза.

– Дури и во нормални околности, лицата со инвалидитет имаат помала веројатност да добијат пристап до образование, здравствена заштита и можности за приход или вклучување во заедницата, рече тој.

– Пандемијата ги засили овие нееднаквости и создаде нови закани, истакна тој.

Гутереш неодамна предупреди и за влијанието на кризата врз постарите лица и децата кои се изложени на зголемен ризик од смрт, злоупотреба и глад поради пандемијата.


Related Articles