Претставници на граѓанското здружение „Човекот над профитот” вчера се сретнале со гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежовска , во контекст на блокираните трансакциски сметки на огромен број граѓани на Република Македонија.

„Побараваме директна помош за одблокирање на трансакциските сметки на граѓаните под итно. Исто така, предмет на разговор беа и цените за одблокирање на сметки од страна на приватните банки, кои се превисоки, и неретко ја надминуваат сумата на основниот долг“, вели Ана Глигорова од „Човекот над профитот“.

Повеќе граѓански здруженија кои веќе две години наназад бараат од надлежните да го сменат Законот за извршување и да ги одблокираат сметките на граѓаните, протестираа на 1 мај, а потоа добија ветување од новата министерка за правда, Рената Дескоска, дека ќе се има промени во Законот.

Министерката за правда, Рената Дескоска, по назначувањето вети дека ќе го скастри тарифникот за извршување и ќе ги намали извршителските дејствија кои се преземаат против граѓаните, како клучни промени во Законот за извршување.

Работата на извршителите беше дел од предизборните говори на премиерот Зоран Заев, кој тврдеше дека ќе им застане на патот и ќе стави крај на лошите извршни решенија.

Но, на крајот како и сите останати така и ние граѓаните со долгови и задолжени и покрај се не успеваме да го видиме животот што дојде бидејќи ние како да сме осудени, за нас живот нема. Ветувањата дадени за време на изборите, добиените гласови со надеж дека ќе се смени нешто, за на крај ние да останеме изманипулирани и оставени сами на себе.

Долговите не се скратија, ништо посебно за нас не се смени, не треба ли некој да одговара зошто на лага ни ги зема гласовите и сега не подложи на никакви санкции и покрај тоа што само не шетаат лево десно и за нас ништо не е сменето. До кога вака премиере Зоран Заев, до кога со лагите и манипулациите и неостварување на дадените ветувања и при тоа избегнувајќи секакви санкции…До кога, ќе има ли крај. – посочија насобраните граѓани.