Што се случува во прилепската болница и зошто се одложуваат хируршки интервенции?Пред три дена раководителот Лидија Рошкоска од болницата со известување укажала на недостигот на лекови за анестезија и побарала препраќање на пациенти во други институции. Директорот на болницата бил на службено патување и нема кој да објасни зошто и што се случува. Денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.
-Што се случува во прилепската болница и зошто се одложуваат хируршки интервенции?Пред три дена раководителот Лидија Рошкоска од болницата со известување укажала на недостигот на лекови за анестезија и побарала препраќање на пациенти во други институции. Директорот на болницата бил на службено патување и нема кој да објасни зошто и што се случува. Денеска реагираше и ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.
-По скандалозната изјава на Филипче, со која беше навестено дека Прилеп останува без лабораторија за испитување на крвта, пред некој ден граѓаните на нашата општина и околните места, беа лишени од можноста да остваруваат уште една здравствена услуга која им следува.
Пред некој ден, одделението за анестезија и реанимација во градската болница, е оставено на милост и немилост, без основните лекови за работа FENTANYL и Ephedrine Hydrochloride, при што пациентите над кои треба да се изврши хируршка интервенција, се препраќани во други институции или што е уште полошо им се одлагаат операциите. Напоменуваме дека првиот лек е основен лек на OETA, додека вториот лек е неопходен лек за безбедност на пациентот при изведување на регионална анестезија. На пациентите им е кажувано дека наскоро ќе биде решен овој проблем. Впрочем ништо ново од оваа ЌЕ влада. Веќе видена реторика, со која народот упорно се лаже и доведува во заблуда за некои идни подобри времиња.
Ова ли се реформите во здравството кои министерот Филипче ги најави?
На ваков ли начин СДС се грижи за здравјето на граѓаните?
Со ваквата негрижа, уште еднаш се доведува во прашање животот на прилепчани.
Колку за потсетување, оваа влада, ветуваше живот во Македонија. За жал оваа влада не направи ништо околу тоа. Напротив освен катастрофални резултати со кои се загрозува животот, со кои се урнисува здравството, а со тоа и здравствените услуги, нема што друго да им понуди на граѓаните на Република Македонија. Ветуваа бесплатно здравство, 100.000 денари плата за докторите, за накрај да го прелажат народот и да не можат да ги пружат основните здравствени услуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ.