Постојат различни начини кои ги користиме за да го елиминираме стресот и да се релаксираме. Храната е една од нив и има големо влијание врз нашето расположение, покажаа неодамнешните истражувања.

Храната богата со протеини ќе ви помогне да се разбудите наутро и да се подготвите за нови задачи.

Јајцата, јогуртот или црвеното месо се некои од богатите извори на протеини.

Многу е важно да не се избегнува доручекот затоа што ќе го подобрите расположението и ќе бидете поотпорни на стрес. Прескокнувањето на овој оброк доведува до чувство на вознемиреност и замор.

Лута или тешка храна како чили, ѓумбир или лук стимулира како кафето.

„Антоцијаните од боровинките, одговорни за нејзината карактеристична боја, ги блокира ензимите кои се поврзани со депресија и вознемиреност“, тврдат научниците од Универзитетот во Регенсбург.

Покрај сокот од ова овошје и храната богата со фолити како зелена салата или грашок, исто така, може да биде од голема корист кога сме тажни или нерасположени.

Канадските психијатри откриле дека 50 проценти заболени од депресија страдале од недостаток на фолити во организмот.

Храната богата со фолити се препорачува и на луѓе кои имаат проблеми со анемија, бидејќи ќе им помогнат да го ослободат хроничниот замор.

Јаглехидратите направени од интегрален леб, ориз и компири помагаат во опуштање и елиминирање на стресот, а да се зголеми нивото на енергија во организмот, најефикасен е зелениот лиснат зеленчук богат со магнезиум како спанаќ, блитва, зелка или кељ. Таквата храна ги зачувува повеќето хранливи материи кога кратко ќе се зготви.

Спанаќот е богат со железо, па затоа често се препорачува на лица со анемија.

Ред темно чоколадо е идеална „таблета за смирување“, но поради млечната киселина и шеќерот не се препорачува консумирање во големи количини. Колку поретко се јаде, толку е посилно нејзиното дејствување.

Витаминот Д го зголемува нивото на серотонин во мозокот. Серотонинот е невротрансмитер одговорен за чувство на среќа.

Многу слатка храна и безалкохолни пијалоци предизвикуваат големи и ненадејни флуктуации на нивото на шеќер во крвта и можат да бидат одговорни за раздразливост и замор. Преголема количина на шеќер може да се најде дури и во некои купечки сосови, енергетски пијалоци, но и во леден чај.