Според новото американско истражување, вакцинираните луѓе треба да продолжат да носат заштитни маски во јавност, бидејќи тие можат да пренесат и да носат во себе исто толку вируси како и невакцинираните луѓе, без при тоа да бидат свесни за тоа.
Истражувачите ја анализирале количината на вирус, или вирусно оптоварување, кај 869 пациенти за време на дијагнозата, вклучувајќи 632 кои биле асимптоматски, пренесуваат британските медиуми. Повеќето инфекции се предизвикани од многу заразниот делта сој на коронавирусот.
Тие не најдоа статистички значајни разлики во просечното вирусно оптоварување помеѓу вакцинирани и невакцинирани лица, или помеѓу оние со или без симптоми, или помеѓу различни возрасни групи, полови или типови на вакцини, се вели во објавениот извештај.
– Нашата студија не дава информации за зараза, рече Ричард Мичелмур од Универзитетот во Калифорнија, истакнувајќи дека преносот на вирусот е под влијание на неколку фактори, не само статусот на вакцинација и вирусното оптоварување. Погрешно е да се претпостави дека, бидејќи сте вакцинирани, не можете да бидете заразени и не можете да заразите некој друг, дури и ако сте асимптоматска личност, рече тој.
Вакцината против Ковид-19 ги намалува шансите за инфекција и ја намалува сериозноста на болеста. Сепак, луѓето вакцинирани против коронавирус треба да продолжат да носат маски во јавност, бидејќи би можеле да заразат други ако се заразат самите себе, советуваат научниците.