И специјализантите по максилофацијална хирургија реагираат дека за нивниот ангажман не добиле никаков надомест од Министерството за здравство.

– Ветувањата од септември уште не се остварени, а вчера другите 40 специјализанти  веќе потпишале договори за ретроактивна исплата на средства. Имаме колеги, тоа се четворица специјализанти кои и по пет години специјализација на максилофацијална хирургија, немаат земено никаков надомест од Министерството за здравство – се пожалија денеска овие специјализанти пред Министерството за здравство.

Во изминатиов период освен нив, се пожалија и специјализантите на стоматологија дека од Септември немаат земено никаква надокнада.

Дали ветувањата на Филипче се само празни зборови? Дали идните доктори, специјализанти не треба да ги задржиме тука и со ваквата политика дали министерот ги брка специјализантите? Дали министерот ќе излезе и еднаш чесно пред докторите и пациентите ќе каже што му е планот со здравството бидејќи вака со давање лажни ветувања, ништо не се случува освен хаос во здравствениот систем? Каде е министерот да даде објаснување? – прашуваат специјализантите