Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, како дел од својата поддршка за одговор на појавата на епидемијата на ковид во Македонија, даде донација во вид на реагенси за секвенционирање на ковид-19, на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје.

Залихите за тестирање ќе ги зајакнат националните капацитети за тестирање, како и напорите за спречување на ширењето на COVID-19. Придонесот кон зајакнувањето на капацитетите на државата за дијагностицирање и зајакнување на лабораториите кои вршат молекуларни тестови за присуство на САРС – КОВ- 2 се состои од 20 000 брзи тестови, 3 биомедицински замрзнувачи кои работат на -30 степени целзиусови и 2 замрзнувачи на – 86 степени целзиусови.

Донацијата беше предадена на Директорот на Институтот за јавно здравје, доц. др Шабан Мемети и раководителот на Лабораторија за вирусологија, м-р Елизабета Јанческа.