Во елитеното списание за медицина „Лансет“ е објавена студија во која британски лекари го идентификуваат индискиот сој на коронавирусот како најопасен и заразен. Истражувачите заклучиле дека ризикот од хоспитализација кај пациенти со индиски сој на Ковид-19 е двојно поголем отколку британскиот. Исто така забележано е дека ризикот од хоспитализација е значително поголем кај пациенти кои имаат пет или повеќе други заболувања.

Станува збор за студија во која се анализирани случаи на пациенти во Шкотска помеѓу 1 април и 28 мај оваа година, така што кај 99% од нив е извршен целосен преглед на болеста. За време на разгледуваниот период, регистрирани се 19.543 потврдени случаи на вирусот.

Истражувањата покажуваат дека вакцинацијата е сигурен начин да се намали ризикот од инфекција, иако Астра Зенека и Фајзер се помалку ефикасни против индиската верзија отколку британскиот сој. Сепак, лекарите наведуваат дека немаат доволно податоци за хоспитализирани пациенти со новиот коронавирус за да ги споредат вакцините.