Преку интерактивна мапа може во реално време да се следи состојбата со коронавирусот секаде во светот.

Не само локацијата и заболените, преку мапата има преглед и на смртните случаеви, како и на излечените од смртоносниот вирус.

На мапата може да се забележи и нашата земја.

Инаку, вчера беа потврдени два нови случаи на заразени од коронавирусот во Македонија. Се работи за сопружници од Дебар кои неодамна се вратиле од Италија.

Нивната состојба засега е стабилна. Во земјава допатувале со автобус со уште 40 патници, кои се идентификувани и ќе им бидат направени проверки.

Состојбата пак на пациентка која е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и чии резултати се покажаа како позитивни на вирусот на 26 февруари, е стабилна.