На почетокот на минатиот месец Google објави дека Android P ќе се развива со фокус на „дигиталното здравје“, а сега и Apple одат во истата насока.
Наредниот понеделник Apple ќе го претстави новиот iOS 12, заедно со неговата нова опција, Digital Health. Тој ќе содржи неколку алатки кои ќе ви покажуваат колку време поминувате користејќи го вашиот iPhone или iPad. Таа опција во некоја форма постои и во моментот, бидејќи можете да проверите колку време сте користеле некоја апликација, но со iOS 12 сите тие опции ќе бидат собрани на едно место.
Земајќи го во предвид вообичаениот распоред на Apple, iOS 12 би требало да пристигне кај корисниците во септември, само неколку недели по промоцијата на Android P. Оваа година двете компании ќе им помогнат на корисниците да направат баланс помеѓу технологијата и здравиот живот.
Според Bloomberg, новиот iOS 12 ќе биде многу подобрен од старата верзија на овој оперативен систем. Ќе има нови можности, неколку опции за редизајн а најголемата предност ќе му биде стабилноста и брзината.