На 13-ти мај минатата година едно лице од Велика Британија починало по примање на вакцина од компанијата Астра Зенека, откако се случило влошување на здравствената состојба поради силни главоболки. По шест дена поминати во болница лицето починало, а во неговата посмртница било заведено дека пациентот починал по компликации од вакцина.

Овој човек е првото лице кое добива оштета поради смрт предизвикана од вакцинирање, а истата ќе биде исплатена на неговата партнерка. Станува збор за максимална оштета во вредност од 120 илјади фунти или околу 140 илјади евра.

Партнерката Вики Сплит посочила дека лицето било во добра физичка состојба и би имал шанси да преживее доколку лекувањето започнело порано. Таа нагласи дека по неговата смрт, црниот дроб и бубрезите на Зајон се донирани и со тоа се спасени животите на три лица.