Вработена во државната болница Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера била физички нападната од нејзиниот колега. 51-годишната вработена била нападната додека си ја вршела работата околу 04.00 часот од А.Ј., а претходно се расправале.

Случајот е пријавен во скопската полиција од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.