Ново истражување открива дека бабите и дедовците кои ги чуваат своите внучиња живеат подолго од оние кои тоа не го прават.
Според податоците во истражувањето, во кое учествувале 500 пензионери,бабите и дедовците кои чуваат внучиња имаат за 37 проценти пониска стапка на ризик од смрт за разлика од нивни врсници кои немаат таква обврска.
Истражувањето е спроведено меѓу мажи и жени постари од 70 години и покажува дека чувањето деца го продолжува животот во просек за седум години. Но, има добри вести и за постарите лица кои немаат внучиња. Дури и грижата за соседите и пријателите може да помогне да останете здрави и во добра форма.
„Со текот на годините целта е да останете физички активни, друштвено ангажирани, когнитивно стимулирани бидејќи сето тоа ви овозможува поквалитетна старост“, заклучува доктор Ронан Фактора од Клиниката во Кливленд.