Анкетите покажуваат дека корупцијата е раширена појава во нашето општество,а перцепција на граганите е дека таа е толку навлезена во сите пори , што не може да се искорени.
- Над 36 отсто од граѓаните им било побарано мито, а 31 отсто дале. Затоа е потребно подигнување на јавната свест за борба против корупцијата, но и зајакнување на сите механизми и граѓански и институционални за справување со овој проблем, рече Кржаловски.
Од делегацијата на Еу посочуваат дека е потребно да се воспостави нов модел на Антикорупциска комисија со силни овластувања, закон за заштита на свиркачи против корупцијата како и зајакнување на улогата на грагансккиот сектор. Констатираат дека засега резултатите во оваа област се слаби.
Преставникот на министерство за правда тврди дека во тек е изготвување стратегија и закони за спречување на корупцијата.
- Во тек е и ревизија на Кривичниот законик и се надеваме дека уште повеќе ќе го зголемиме опсегот на кривичните дела поврзани со корупцијата и ќе се дообработат веќе постојните кривични дела во оваа насока, рече заменик-министерот за правда Оливер Ристовски.
Експерите детектираат системски пропусти особено во секторот тендерските потстапки за јавните набавки
Од невладиниот сектор посочуваат и конкретни примери на злоупотреба на тендерите.
Справувањето и борбата против корупцијата ќе биде најверојатно и првиот тест за земјава ако следната година ги почне преговорите за влез во Европската Унија и тоа како дел од поглавјето 23 кое вообичаено прво се отвора.