Сознанието дека вашиот партнер ви бил неверен е нешто со кое што никој не сака да се соочи. Но, доколку во таква ситуација нешто може да ве расположи, тогаш тоа е веројатноста дека личноста со која што ве изневерил изгледа полошо од вас.

Според последните истражувања, кои што опфатиле околу 4.000 луѓе, се докажало дека неверните мажи и жени ги сметаат своите партнери попривлечни од нивните љубовници.

Само 30 отсто од мажите изјавиле дека имаат љубовници кои што се помлади од нивните партнерки, а 26 отсто од нив сметаат дека нивните љубовници се поинтересни личности од партнерите, додека пак 25 отсто од љубовниците ги сметаат попривлечни и позгодни нивните партнери.

Веројатно се прашувате, што поминува низ нивните глави?

Учесниците во истражувањето изјавиле дека љубовниците се многу повнимателни, погрижливи и дека внимателно ги слушаат, а освен тоа неспоредливо се пострастни.

Кај жените тоа сепак е малку поразлично. Дури 50 отсто од жените изјавиле дека нивните љубовници се попривлечни од нивните постојани партнери, а освен тоа тоа им е една од пресудните причини зошто го прават тоа.