Новото истражување спроведено во Велика Британија, покажало дека одреден вид зеленчук може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта за дури 50 отсто. Имено, на состанокот на Ендокринолошкото друштво во Сан Диего, заклучено било дека екстрактот од лук го намалува нивото на шеќер, но и холестеролот кога се дава со антидијабетски лек метформин, пренесува магазинот „Independent“.

– Лукот е евтин и достапен на сите. И тоа како има потенцијал за лекување пациенти кои патат од дијабетес, изјавил авторот на истражувањето Ентони Ојиех.

Истражувањето било спроведено на глувци. Три глувци добиле различни дози екстракт од лук. Истражувачите на глувците им дале доза од 200, 400 и 600 милиграми по килограм телесна тежина.

Глувците кои консумирале по 400 и 600 милиграми, успеале да го намалат нивото на шеќер во крвта за 50 отсто, односно 35 отсто во споредба со почетното ниво. Исто така забележано било и значително намалено ниво на холестерол.