Исхраната која се темели пред се на брза храна може да го зголеми ризикот од појава на рак на дебелото црево. Овој тип на рак е втора по ред водечка причина за смрт кај малигните заболувања во развиените земји, но доколку се постави дијагноза на време со хируршка интервенција може да се излечи.

Моменталната терапија за оваа малигна болест вклучува операција, хемотерапија, биолошка терапија и зрачење. Пред само еден месец објавени се резултати од спроведена студија која вклучувала над 200 илјади луѓе во Америка. Околу 46 илјади биле мажи, а остатокот жени. Испитаниците на секои 4 години биле прашани што јадат, а особено било важно колку јадат процесуирана храна, пренесуваат хрватските медиуми.

Научниците откриле дека по 25 години од спроведената студија, 1294 мажи имаат дијагноза рак на дебело црево, наспроти 1922 жени. Исто така откриле дека  мажите кои јадат многу повеќе процесуирана храна имаат 29% поголем ризик од појава на рак на дебело црево. Дека резултатите на оваа студија се многу интересни потврдува Др.Раџика Смит од Вашингтон која објаснува дека процесиураната храна може да влијае на развојот на рак поради штетните и потенцијално канцерогени состојки кои се наоѓаат во тие намирници.

Многу од таквите намирници се богати со адитиви и конзерванси кои се претпоставува дека се канцерогени. Некои од адитивите не се директно поврзани со развојот на рак на дебелото црево, но со порастот на заболените млади пациенти мораме да размислуваме на непознатите фактори во храната која ја јадеме, вели др.Смит.