Во изминативе 24 часа на детската клиника во Скопје биле прегледани околу 200 деца, воглавно помали од три години, со симптоми на грип. Од нив 12 се хоспитализирани. Од раководството на болницата предупредуваат дека високата фреквентност и испраќањето на децата директно на клиниката без претходна контрола кај матичниот лекар, може да донеси други последици и здравствени компликации кај пациентите.

Кај децата грипот може да предизвика гадење и повраќање, но овие симптоми најчесто се јавуваат кај многу поразличниот гастроентерит, кој понекогаш се нарекува и ‘’стомачен вирус‘’ или ‘’24 часовен вирус‘’. Новороденчињата и доенчињата може да имаат само треска, изворот на која не може да биде пронајден. Малите деца обично имаат треска до 39.5 С и се загрозени од фебрилни конвулзии.

Инфекцијата со грип кај малите деца може да се усложни со развој на ларингит (присуство на лажна кашлица, засипнатост и гласно дишење), пневмонија, бронхиолитис (забрзано и отежнато дишење, “прстите” во градите).

Инфлуенца исто така може да го ослабне имунолошкиот систем на детето и да доведе до развој на бактериска суперинфекција со развој на воспаление, бактериска пневмонија, синузитис. Кај деца подложни на хронични заболувања (белодробни, невролошки, респираторни) инфекцијата се одвива по правило потешко и може да доведе до сериозни компликации. Во ретки случаи вирусот влијае мозокот и срцето.

Институтот за јавно здравје минатата недела регистрираше 1.600 случаи на грип, бројка која е 45% повисока споредено со третата недела од оваа година. За сезоната 2019-2020-та вкупниот број на случаи со грип стигна до 4.318.