Недостигот на финансиски средства продолжува сериозно да го попречува спроведувањето на политиките во јавното здравство. Повеќе од една третина од сите здравствени услуги граѓаните ги плаќаат од својот џеб, што укажува на тоа каков е квалитетот на здравствената заштита и создавање на социјални разлики меѓу луѓето, се вели во Извештајот на ЕК , за напредокот на Р.Македонија.
Во Извештајот се вели дека се воспоставени национални регистри за ретки болести, но потребни се соодветни средства за третман, а дефиницијата кои болести спаѓаат во ретки треба да се усогласи со меѓународните стандарди.
„Финансирањето и пристапот до специјалисти за лекување на ретки болести е ограничено и нетранспарентно и е оставено на здруженијата и граѓанските организации или на семејствата“, се потенцира во Извештајот на ЕК, за напредокот на државата.
Исто така, не се доволни ниту финансиските средства за скрининг на рак. Националните и регионалните регистри за рак кои беа направени треба да обезбедат квалитетни податоци за нивото на инциденца од малигни заболувања, како и средствата и третманот кои се потребни за да се обезбеди соодветно лекување и превенција. Сепак, извештаите за регистрите се јавно достапни, се вели во Извештајот.
„Не постои национална програма за карцином на градите и скрининг програма за рак на грлото на матката. Протоколите за рак на дојка и грлото на матката се направени, но сепак треба да бидат одобрени и имплементирани. Правата на пристап до скрининг треба да бидат подобрени, така што сите подобни пациенти во релевантните целни групи да имаат пристап до скрининг“, стои во Извештајот на ЕК.
Не се преземени сериозни мерки за здравјето на граѓаните од загадувањето, освен препораката да се носат маски и совети за луѓето од ризичните групи, да се избегнува излегување на отворено за време на периоди на високо загадување на воздухот.
Што се однесува до македонското јавно здравство предвидени се Измени во Закон за здравствена заштита, најавено е зголемување на платите и подобрена политика на задржување на здравствените работници во земјата. Сепак, голем дел од медицинскиот персонал продолжува да ја напушта земјата. Проблем останува несоодветна употреба на софистицирана медицинска опрема. Укажувањето е дека податоците од е-медицинските регистри треба да се користат соодветно во креирање на политики.
Не е постигнат напредок во однос на правата на пациентите во прекуграничната здравствена заштита, односно не е усогласена соработката во делот на здравствената заштита со другите земји. Слично на минатата година, националната легислативата за лекови останува делумно усогласена.
„И понатаму останува праксата лековите преку ФЗОМ за пациентите да се достапни само во првите денови на месецот. Земјата треба да воведе дополнителни мерки за да се обезбеди правилна проверка на квалитетот и следливоста на лековите кои се од паралелен увоз, односно лекови купени во други земји по поевтина цена“, стои во Извештајот на ЕК.
Во Извештајот е наведено дека во однос на епидемијата на сипаници која е прогласена во декември 2018 година, Министерството за здравство има преземено чекори за контрола на ситуацијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на кампања за вакцинација.
Во Извештајот е потенцирано дека за Ромите е потребен подобрен пристап до здравствени услуги во заедницата, како и повеќе финансиски средства за лекување на лица со тешка физичка и интелектуална попреченост.
Единствено нешто кое не е наведено во извештајот од ЕК, а му користи на министерот за здравство е дека и покрај толкавиот буџет со кој располага ова министерство, 110 милиони евра годишно, за ниеден од распишаните и доделените тендери не е поведена евидениција и ниту се споменати во извештајот, дека нивното доделување е на нетранспарентен начин и во 4-ри очи.
Исто така никој не збори за епидемијата која трае повеќе од 6-ет месеци и која министерот не е способен да ја контролира ниту да ја згасне. Никој од ЕК не ги погледнал или ги занемарил овие работи намерно се со цел да барем дел од коментираните работив поврзани со здравството во извештајот не бидат критика кон актуелниот министер и власт. Ама тоа што можеби намерно или случајно ЕК ќе го прескокне не значи дека народот не го гледа и дека не е свесен дека постои и е тука.
Македонското здравство е во хаос, тоа го потврдуваат и извешатите од ЕК, тоа секојдневно го гледаат и граѓаните, пациентите и секојдневно се справуваат со неспособноста на министерот Венко и неговото менаџирањето на здравствениот систем со кој најмногу на удар се болните. Само Зоран Заев се прави деке не ги гледа овие работи и министерот Венко сеуште е на позиција да биде министер. До кога? Прашува јавноста, прашуваат граѓаните?
Оставка за Филипче!