Јанушев: До крајот на годината Владата ќе потроши една милијарда и 300 милиони евра од буџетскиот дефицит

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва беше дел од вестите на една од нашите тв куќи каде посочи дека ако Владата продолжи да функционира на овој начин како што…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вечерва беше дел од вестите на една од нашите тв куќи каде посочи дека ако Владата продолжи да функционира на овој начин како што досега функционира, тогаш до крајот на годината ќе имаме над една милијарда или поточно околу една милијарда и 300 милиони евра потрошени пари од буџетскиот дефицит, што е недозволиво во ваква ситуација на епидемија со коронавирусот.

Бидејќи нашата земја веќе втор месец се соочува со заразата наречена ковид-19, г-нот Игор Јанушев потенцираше дека олеснувањето на економските мерките, кое го спроведуваат Владата и надлежните институции и понатаму ќе ги критикуваат затоа што досега нема ниту еден стопанственик или член од бизнис секторот кои можат да ги искористат овие мерки или се задоволни, а се носат само колку да се каже дека нешто се случува и не се никаква помош за стопанството.

Во период од само три месеци потрошени се 120 милиони евра од Владата од буџетскиот дефицит, а не гледаме дека нешто се гради или се случува видливо за граѓаните, единствено тие пари се користат за корупција и поткуп на гласачите првично во пресрет на изборите кои требаше да случат на 12-ти април. Тоа се 15 000 денари задолжување на секое семејство во РМ, појасни г-нот Игор Јанушев.

Јанушев нагласи и дека парите кои Владата ги троши од буџетскиот дефицит или барем дел од тие пари треба да се искористат за справување со Корона вирусот, каде што би се покажала дека се грижи за здравјето на луѓето и пред се за здравјето на оние кои што ни се најпотребни, а тоа се здравствените работници.

Јанушев додаде дека во текот на пандемијата може да се види само како владата се бори за гол популизам, единствено што прават е пи – ар, само во таа сфера се добри.


Related Articles