Конечно директорката на ЈЗУ ГАК излезе со официјален став и изјава во однос на тоа што се случи пред неполни две недели, екипата на ЗДРАВСТВО.МК проба да добие изјава кога правевме анкета со граѓаните ама не успеавме, бидејќи не беше спремен најверојатно одговорот, објаснувањето не беше напишано за да „личи“ и да ја оправда директорката а воедно и сите други доктори кои ја утнале работата.

Денес на состанок, во канцаларијата на директорката Јовановска, беа повикани повеќе медиуми за да може да се пренесе на што повеќе и од што повеќе медиуми оправдувањето. Во самото објаснение се кажува дека новороденчињата се недоносени, па поради тоа и докторите се оправдани исто и директорката за случаите што се случиле во првото тромесечје на ГАК.

Тука се наметнува прашањето, како може сите да не сме еднакви пред законот? Хипотетички, зошто ако мајката или таткото после 5-6 месеци бременост на жената одлучат дека не го сакаат плодот (неразумно и гласно размислуваме исто како и директорката на ГАК) и при тоа направат обиди или начини за да го било како повредат или усмртат плодот, во тој случај МВР потегнува кривична пријава, ги гони родителите или родителот за чедоморство и НЕ МОЖЕБИ, или едниот или двајцата родители СИГУРНО ќе ЛЕЖАТ ЗАТВОР, ќе отслужуват затворска казна, согласно казнениот систем и правните норми на Р. Македонија според кои оваа ситуација во ниедно нејзино сценарио НЕ Е НОРМАЛНА и е НАДВОР ОД СИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА.

Меѓутоа доколку во истиот тој период при нормална бременост од непознати причини биде испровоциран плодот и се започне процесот на породување, во тој случај доколку ПО НЕКОЈА СЛУЧАЈНОСТ, докторот на смена не обрне доволно внимание или едноставно оваа група на новороденчиња се со многу мал процент на преживување, па докторот едноставно помалку се ангажира (пак ќе повториме, СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ), во тој случај новороденчето и да не преживее, да се случи тоа што веќе се случи на ГАК, КАКО во тој случај, НИТУ МВР ЌЕ СЕ ЗАПРАША ШТО СЕ СЛУЧИЛО, НИТУ ЌЕ СЕ ПОВЕДЕ ПОСТАПКА, НИТУ НЕШТО ВООПШТО ЌЕ СЕ НАПРАВИ!!! ЗОШТО?

Зошто едните во примерот погоре имаат одговорост и одговараат ако нешто се случи, другите не сносат никаква одговорност. Во тој случај секој доктор може ДЕНЕС да не му биде денот, КОГА НИЕ ЌЕ ПОБАРАМЕ ПОМОШ да не биде расположен, КОГА ЌЕ ОТИДЕМЕ НА ДОКТОР, тој да биде нервозен од дома, да биде со домашни проблеми и без при тоа да се чувстува било како подобро или спремно за работа, некако поинаку истиот тој така нефокусиран и делумно апатичен доктор може во негова смена при таква психичка состојба да „опслужи“ 30-50 родилки, нека не се толку, нека се и 25 родилки, АМА ако при тоа му се случи било каков немил настан КОЈ немора да заврши со смртност во секој случај ама доколку при пораѓајот има повреда на бебето на било каков начин, ПОВТОРНО ќе ја прашаме целата јавност и сите наши читатели, ЗОШТО ТОЈ ДОКТОР ИЛИ БИЛО КОЈ ДОКТОР ВО ТАКВА СИТУАЦИЈА, ДА НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ? ЗОШТО СЕ ДОКТОРИТЕ ВО ВАКВИ СУТУАЦИИ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОДГОВОРНОСТ? Кога пак на крајот од денот тие земаат плата од државните пари, народот ги плаќа и за тој народ за тие граѓани треба да го дадат максимумот АМА НЕ ПО НИВНА ЖЕЛБА, туку секојпат кога ќе дојдат на работа.

Во продолжение ви го преставуваме оправдувањето на директорката на ГАК, Јовановска од денешниот состанок во нејзината канцаларија.

Според директорката на Клиниката Викторија Јовановска, во првото тримесечје од годинава починале 35 бебиња од кои 10 родени меѓу 22 и 25 недела или во петиот месец од бременоста на мајката.

„Станува збор за екстремно незрели плодови за кои постои етичка дилема дали воопшто да се анимираат. Нивните органи (бубрези, црн дроб, крвен систем, мозок) се незрели, а немаат и никаква одбрана од инфекции“, напомена Јовановска.

Успех со вакви бебиња, потенцира, нема ниту една земја во светот.

Примариус д-р Љиља Којиќ објасни дека, согласно американските искуства преживувањето на бебиња од 25 недела нагоре е 75 проценти, но оние стари до 24 недела воопшто не се третираат, ниту за нив се прашани родителите во врска со евентуално реанимирање.

„Кај нас нема законска можност за тоа, односно сѐ што е живо мора да се анимира и со него да се постапува како да е плод од 40 гестациски недели иако бебињата под 24 недела немаат никакви адаптациски способности за надворешната средина, ниту постои инкубатор што може да ги одржи во живот“, подвлече Којиќ.

Од 1990 година до ноември 2017 на Детската клиника преживеале само четири бебиња стари 25 недели и длабоко навлезени во 26 недела.

„Секогаш се обидуваме и правиме сѐ што можеме за да преживее и помало бебе, но не сме успеале со оние под 25 недела“, истакна Којиќ.

Според д-р Горан Кочовски, инфекциите се најчести причини за предвремено породување. Статистиката во светски рамки покажува дека број еден ризици се зголемениот крвен притисок, како и вродените аномалии на матката кај мајките.

Од Гинекологија информираа дека се изготвува Клиничко упатство за рано откривање на ризична бременост, но со упатството нема да бидат опфатени предвремените породувања.

Останува на вас да ОЦЕНИТЕ и ПРОЦЕНИТЕ, откако ДОЈДЕ ЖИВОТОТ, колку тоа значи ВИСТИНСКО АНГАЖИРАЊЕ ЗА СЕКОЈ  ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ, повеќе личи на ИЗНАОЃАЊЕ ОПРАВДУВАЊА за секоја грешка, НАМЕСТО ДА СЕ ПОДОБРИ И УНАПРЕДИ СЕКОЈ ДОКТОР кој разбрал или ќе разбере ДЕКА ВО НЕГОВИ РАЦЕ се ЖИВОТИТЕ на НАШАТА ИДНИНА!!!

Само во вакво сценарио и со вакво размислување, ГРАЃАНИТЕ, БЕБИЊАТА, ПАЦИЕНТИТЕ СЕКОЈ ПАТ ЌЕ БИДАТ НА ПРВО МЕСТО, ама никако поинаку.