Без партиска книшка или роднински партиски врски успешните студенти на медицина неможат да се вработат во Јавните здравствени установи, регира анонимен граѓанин до zdravstvo.mk. Тој посочува дека Трајче Нешковски Генерален секретар на СДММ (Социјалдемократската младина на Македонија) како општ лекар со просек 7,5 на медицинскиот факултет по брза процедура бил вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија, а била одбиена кандидатка со приватна специјализација која четири години специјализирала на Клиниката и притоа имала просек од 9,3. Од тука се поставува прашањето дали идните лекари мора да имаат партиска книшка на СДСМ (без разлика на слабиот просек) за да се вработат на Клиниките.

Ова е уште еден доказ зошто младите лекари масовно ја напуштаат Македонија. Ваквите вработувања очигледно се со амин на министерството за здравство предводено од Венко Филипче и Државниот секретар од СДСМ Владимир Милoшев кои наместо да ги задржат со партиските вработувања ги бркаат успешните студенти на медицина.