1. Топла вода со лимон

Топлата вода со лимон го поттикнува слабеењето, ги отстранува токсините од организмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува состојбата на кожата. Причината е што лимонот влијае на хормонот за ситост – лептин. Доколку лептинот не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се избегне дехидратација и го подобрува варењето.

Подготовка:
Исцедете сок од половина лимон во чаша топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Најдобро е да го консумирате наутро.

2. Чај од листови малина

Листовите од малина уште одамна се користат за зајакнување на мускулите на матката. Научните истражувања потврдиле дека оваа билка има позитивно влијание на работата на хормоните. Жените пак, кои го пијат овој чај во текот на бременоста, имаат полесно породување.

Подготовка:
Прелијте една лажица листови од малина (свежи или суви) со 200 милилитри зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Немојте да го пиете чајот пред спиење, туку во текот на денот.

3. Златно млеко

Златното млеко го подобрува имунитетот и воспоставува рамнотежа на хормоните во организмот. Овој пијалак загрева, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувач кои се одлична комбинација за целиот организам.

Подготовка:
Во 200 милилитри врело млеко додајте пола лажичка куркума и една лажица кокосово масло. Можете да додадете и мед по вкус. Најдобро е да го пиете пијалакот навечер.