Добриот холестерол HDL е исклучително важен за здравјето на вашето срце. Истражувачите од Харвард сметаат дека може да се намали ризикот од срцеви заболувања за дури 67 проценти.

Одржувањето на HDL на високо ниво е посебно важно во зимскиот период кога студеното време ги затнува артериите.

Ова се неколку едноставни начини кои ќе ви помогнат да го кренете нивото на добриот холестерол, да го зајакнете срцето и да ги прочистете крвните садови.

Гледајте комедии

Гледањето серии и филмови со забавна содржина и со позитивна порака може да доведе до пораст на HDL во крвта за дури 18 проценти. Нашите надбубрежни жлезди го користат добриот холестерол за создавање на хормонот на стрес, така што кога нивото на стресот ќе падне, добриот холестерол ќе остане во нашиот крвоток.

Јадете ф’стаци

Внесувањето од 2 до 3 шолји дневно може да го зголеми нивото на добриот холестерол за 11%, а јаткастите плови го намалуваат чувството на глад до 67%. Ф’стаците се богати со мононезаситени масти – хранливи материи кои ги придвижуваат гените во црниот дроб за да создаваат HDL.

Намалете ја телесната тежина

Иако тоа понекогаш е многу тешко да се постигне, обидете се од секојдневната употреба да ги исфрлите нездравите масти и јаглехидрати. Овие две намирници создаваат вишок сало на речиси сите делови од телото, со што се нарушува физичкиот изглед на личноста, но најлошо е тоа што дебелината може да предизвика болести на срцето.

Здрава диета

Пробајте да јадете повеќе овошје и зеленчук, како и житарици. Обидете се да внесувате здрави масти и протеини, а максимално избегнувајте да јадете  рафинирани шеќери, газирани пијалаци и алкохол, храна богата со холестерол, но и сол.