Имуниот систем е сложен систем на леукоцити и антитела во организмот кои се борат против инфекциите, бактериите, вирусите и другите штетни материи. Имуниот систем е нашата природна одбрана од болести.

Како да го зајакнеме имунитетот е актуелно прашање, најмногу во овој период од годината кога времето е променливо, а вирусите се насекаде околу нас.

За зајакнување на имунитетот неопходни се здрави навики и одговорно однесување.

Хигиената на просторот и личната хигиена се предуслови за добар имунитет. Редовното миење раце, се подразбира, бидејќи тие се најподложни на инфекции. Секој ден проветрете ги работните простории и спалната соба, со тоа што во студениот период проветрувањето треба да трае 3 до 5 минути.

Правилната и здрава исхрана го зајакнува имунитетот. Во организмот треба да се внесуваат помали редовни оброци кои треба да содржат доволно витамини, минерали, антиоксиданси, растителни влакна, протеини, јаглени хидрати и калории. Избегнете прејадување, нездрава и премногу масна храна.

Во недостаток на свеж зеленчук доволно витамини обезбедува и зимницата. Протеини и минерали се внесуваат со пилешката супа, месото, рибата, печурките и млечни производи со малку масти.

Додатоци во исхраната можат да бидат медот и прополисот (матичен млеч) бидејќи поволно делуваат на имунитетот.

Мултивитаминските суплементи помагаат ако не внесуваме доволно витамини поради нездрава и брза храна.

Спиењето и одморот се неопходни за нашиот имунитет. Важно е да се спие 7-8 часа дневно.

Со редовни или умерени физички активности може да се подобри имунитетот и до 50% што е и научно докажано. Тоа подразбира: секојдневно пешачење, повремено пливање или лесно трчање, рекреативно планинарење.

Внимавајте денес на овие нешта, а утре организмот ќе ви биде благодарен.

 

Извор: https://hybrid.mk/