Симтомите на „прегрејување“ на организмот се различни и индивидуални, но доколку забележите било кој од овие знаци, тогаш можеби е време да успорите со секојдневните активности.

Чувствувате изразен умор: Еден од знаците дека превземате премногу обврски на себе е чувството на константен умор, поточно и по дневниот или ноќниот одмор вие се будите уморни. Можеби не правите доволно паузи на работа или постојано преоѓате од еден проект на друг без одмор. Исто така еден од знаците на постојан умор и е чувството на немир во ситуации кога ќе најдете време да се опуштите.

Лош сон: Спиењето е една од првите работи која се пореметува кога сте под стрес или сте преоптеретени со различни обврски. Обрнете внимание ако останувате будни кога треба да завршите важен проект или ако се будите навечер или рано наутро и не можете повторно да заспиете.

Променета исхрана: Промената во начинот на исхрана исто така може да биде добар показател кога е вистинско време да направите пауза. Во некои случаи ќе забележите дека јадете помалку од вообичаено или прескокнувате оброци, а при тоа не сте свесни. Од друга страна ќе забележите дека јадете повеќе од вообичаено и секој пат сте во потрага по брок, диру и кога не сте гладни. Двете ситуации можат да бидат знак на стресен период.

Чувствувате недостаток на мотивација: Ако одењето на работа ви претставува проблем или губите интерес за работи во кои претходно сте уживале, тоа значи дека сте дојдени до точка на „прегрејување“ на организмот. Високото ниво на стрес може да ги претвори активностите во кои претходно сте уживале во монотони задачи кои ги работите бидејќи се дел од секојдневната рутина.

Постојано сте болни: Честото разболување може да биде знак дека стресот влијае на вашиот имунитет. Премногу стрес може да ја намали способноста на организмот да се бори против инфекции.

Чувствувате недостаток на енергија: Прекумерниот стрес може да направи да се чувствувате физички и психички исцрпено, дури и девет саати сон.

Тешко се концентрирате: Дали се трудите да следите што се зборува во текот на состанокот на работа? Или забележувате дека повторно ги читате истите два реда кога пробувате да се опуштите со добра книга? Никој не е имун на блага заборавеност од време на време. Но ако забележите дека вам вообичаените работни задачи ви траат подолго или ви е потешко да ги извршите, можеби ги имате премногу пред себе.

Се чувствувате рамнодушни кон животот: Нормално е од време на време да се чувствувате потиштено кога се во прашање работата и другите активности, но не би требало постојано да се чувствувате деморализиранон поради она што го работите. Вашите секојдневни активности и задачи треба да ви дадат причинуваат чувство на задоволство и среќа откако ќе ги завршите.

Станувате цинични или негативни: Дали ви се случило сите да ви газат по нервите во последно време? На почетокот, синдромот на „прегрејаност“ на работа може да изгледа како блага напнатост и раздразливост, но брзо може да се претвори во излив на бес на работа или по дома. Можеби и не знаете на што сте лути, само затоа што постојано сте нервозни. Доколку обрнете внимание на овој симптом на фрустрираност, ќе ви помогне да утврдите дали претерувате и за најмалите ситници.

Повлечени сте: Поминувањето на слободното време во самотија понекогаш е важно и неопходно, но кога сте под голем стрес, тоа може да ве изолира од светот и да ги наруши вашите интерперсонални односи.