После напорен ден не постои ништо друго освен што сакате да си легнете во вашиот кревет и квалитетно да се наспиете. Но, понекогаш тоа е невозможно. Ако имате проблеми со спиењето, причина може да биде душекот, кој не ви одговара поради неколку фактори кои имаат големо влијание на здравјето.

  • Душеците можат да бидат полни со паразити што е главна причина за алергии

Паразитите не се видливи со голо око. Тие се хранат со мртви клетки на кожата, а најмногу се развиваат на температура помеѓу 22 и 33 степени Целзиусови. Токму поради тоа најчесто се кријат во душеците и перниците.

  • Ако сте алергични на паразити, всушност ви смета нивниот измет. Симптоми на алергија на паразити се кашлица, кивање и чешање на очите, што може да доведе до многу непроспиени ноќи, вели докторката Рита Ауад од клиниката Мајо.

Паразитите е невозможно да се избегнат во потполност, но постојат антиалергиски душеци кои се изработени од цврста ткаенина и кои создаваат пречки помеѓу вашето тело и паразитите.

На тој начин паразитите повеќе нема да се хранат со мртвите клетки на кожата, па нема да имаат храна и помалку ќе се репродуцираат. Се препорачува перење на постелнината барем еднаш неделно на висока температура и редовно чистење на прашината во домот.

  • Душекот мора да биде добра потпора за вашиот грб
  • Ако душекот не е добра потпора за вашиот грб, тогаш тоа може да предизвика болки во грбот, вели доктор Фредерик Вилсон.

Мекиот душек може да предизвика притисок врз ‘рбетот, односно врз лигаментите и тетивите кои ги поврзуваат другите коски и мускули, што доведува до непријатности и болки. Во тој случај, како што советува доктор Вилсон, време е да размислите за промена на душекот.

  • Нерамен душек може да предизвика болки во вратот
  • Никој не сака вратот да му пропадне во душекот, бидејќи тоа може да предизвика страшни болки, вели доктор Вилсон.

Секако, голема улога игра и перницата, но и душекот кој е нерамен влијае на тоа во која положба ви е главата во однос на телото. Покрај тоа што треба да спиете на рамен душек, од помош би биле и една до две перници кои ќе бидат поддршка за главата и вратот.

  • И премногу тврд душек може да биде причина за болки
  • Ако душекот е премногу тврд,  тоа прави притисок на рамењата, колковите, колената и грбот и може да доведе до силни болки, вели доктор Вилсон.
  • Душекот може да предизвика прекумерно потење што го попречува сонот

Дали некогаш сте се разбудиле испотени? Постојат многу причини за тоа, од лекови како антидепресиви до состојби на анксиозност или менопауза. Но, понекогаш проблемот за тоа е прилично едноставен, а се крие во душекот поради кој може да ви биде премногу топло.

Ако е тоа случај, тогаш треба спиете во пижами кои не се многу дебели, односно во кои кожата ќе може полесно да дише.

Постелнината би требало да биде од памук. Последна опција е купување на нов душек со специфична технологија на ладење.