Коронавирусот упорно беснее низ Македонија. Секојдневно расте бројот на новозаразени, а расте и бројот на жртви. Народот живее во неизвесност и страв борејќи се со здравствена и економска криза. А Владата убедува дека добро се справува со состојбата.

Официјалната статистика говори дека Македонија воопшто не е на добар пат да се избори со кризата.

Ако ги анализираме само последниве две недели ќе дојдеме до точниот одговор на прашањето „Како Македонија се справува со коронавирусот“?

За само 14 дена во земјава има 335 новозаразени граѓани и 22 ПОЧИНАТИ лица од коронавирус.

Министерот за здравство, Венко Филипче, самиот ги објавува податоците на својот Фејсбук профил.

Од неговата објава на 11-ти мај можеме да видиме дека во државата има 1664 заболени лица и 1200 излечени. Тој пред две недели информираше дека бројот на жртви е 91, а има 373 активни случаи.

Ако тие бројки ги споредиме со денешната состојба, многу јасно ќе заклучиме дека ситуацијата воопшто не е под контрола!

Денес во Република Македонија има 1999 лица заразени со коронавирус, од кои 113 се починати. На 25-ти мај, статистиката говори дека има 447 активни случаи и 1439 излечени.

Значи, за две недели во Македонија има нови 22 жртви на коронавирусот!

За само 14 дена во Македонија има 335 новозаразени од коронавирус.

Пред две недели имало 373 активни случаи во државата, односно луѓе кои се лекуваат од коронавирус, а денес има 447, што е за 20-тина проценти повеќе.

Лага е дека власта добро се справува со коронавирусот.