Околу 85% од мажите имаат забележително опаѓање на косата до својата 50-та година од животот. Кај некои од нив, опаѓањето на косата започнува и пред да наполнат 21 година. Што може да направите?

Разоткривање на митовите за опаѓање на косата

Дали носењето на капа предизвикува ќелавост? Не. Исто како што ќелавоста не е предизвикана ниту од поминувањето со прстите низ косата. Опаѓањето на косата не се должи ниту на чешлањето, виткањето или стилизирањето. Сепак, обидете се да не бидете премногу груби при манипулацијата со косата за да ги избегнете оштетувањата на влакното.

Ако прекинете со пушењето ова ќе Ви помогне да ја зачувате косата?

Неколку студии покажале значајна поврзаност помеѓу пушењето и брзината на губење на косата кај мажите. Така, ако Ви треба уште една причина повеќе за да се откажете од пушењето, кон листата додадете ја и раната загуба на косата.

Што кажува опаѓањето на косата за Вашето здравје?

За среќа, во повеќето случаи, губењето на косата познато како алопециа не сигнализира постоење на некој медицински проблем и самото по себе не претставува здравствен ризик. Но, постои грижата за тоа како опаѓањето на косата ќе влијае на првиот впечаток или дали ќелавоста ќе направи да изгледате постари.

Што го предизвикува опаѓањето на косата?

Во повеќе од 95% од случаите, проблемот се лоцира во генетиката. Гените можат да дојдат и од двата родители. Во други случаи, одредени лекарства, преголем внес на витамин А или недоволен внес на протеини можат да предизивкаат опаѓање на косата. Драматичното проретчување на косата, познато како телоген ефлувиум може да биде предизвикано од болест или стрес. Кај мажите, опаѓањето на косата кое што не е поврзано со генетиката, во голем дел од случаите се елиминира самото од себе.

Обидете се да ја задржите косата што ја имате

Превенирањето на опаѓањето на косата, во секој случај е полесно да се направи отколку истата да се замени откако веќе е падната. Потрудете се да најдете нешто што ќе Ви помогне да ја зачувате косата, но бидете внимателни, повеќето волшебни производи и третмани се измама. Кога сте во дилема, Вашиот доктор или дерматолог може да Ви помогне.

Лекарства против опаѓање на косата: Миноксидил

Иако не постои никаков лек за да го излечите генетското опаѓање на косата, сепак истото можете да го забавите со некои лекарства. Миноксидил е одобрен ОТЦ лек кој што го нанесувате на скалпот. Го забавува опаѓањето на косата и кај некои мажи расте и нова коса. Но, откако ќе престанете да го користите, опаѓањето на косата продолжува.

Што да очекувате ако косата започне да ви опаѓа?

Првиот знак за генетски предизвикано опаѓање на косата е појавата на форма на косата во изглед на буквата М. Понатаму, влакното на врвот од главата започнува да се проретчува оставајќи ќелав дел. На крајот, имате коса само од страните на главата.

Обвинете ги хормоните

Кај опаѓањето на косата предизвикано од генетски причини, хормонот наречен ДХТ предизвикува стеснување на фоликулите на косата. На крајот, фоликулите се стеснети толку многу што во нив не може да расте влакно.

Лекарства против опаѓање на косата: Финастерид

Финастеридот е лек кој што се препишува на рецепт и неговиот ефект се гледа во забавувањето на производството на ДХТ хормонот. Со самото тоа, се забавува и опаѓањето на косата. Кај некои мажи, неговата употреба придонела и зо растење на нова коса. Се смета дека е подобар од миноксидилот. Бремените жени не смеат да го употребуваат бидејќи може да предизвика проблеми кај машките деца. Исто како и миноксидилот, неговото дејство е активно се додека се употребува.

Дали треба да носите перика?

Периките со текот на времето се усовршија. Сепак, пронаоѓањето на вистинската перика може да ви одземе многу време. Се разликуваат по цената и квалитетот. Побаруваат редовно одржување кое што може да чини помеѓу 60 и 300 евра месечно. Кога купувате перика, гледајте таа да биде со иста боја како и вашата коса, со иста дебелина и изглед на влакното.

Што се случува при трансплантирањето на косата?

Докторот ќе премести здрава коса од задниот и страничниот дел на главата во горниот дел со цел да го поврати природниот изглед. Трансплантите можат да чинат многу и може да биде потребно да направите неколку процедури. По два месеци, поголемиот дел од трансплантираната коса е проретчен, но расте и нова коса. Во рок од шест месеци, косата започнува да добива нормален изглед.

Максимално искористете ја онаа коса која што ја имате

Постојат некои стилски трикови кои што можете да ги направите со цел опаѓањето на косата да биде помалку забележително. Краткото потстрижување ќе ве ослободи од преместување на косата со чешлање кон ќелавиот дел. Производите за коса можат да и додадат волумен на истата. Може да помогне и здравата исхрана и нежното одржување на косата.

Истакнете го позитивното во Вас

Косата не го прави човекот. Потсетете се што се можете да понудите. Обидете да останете во топ форма. Тоа можете да го контролирате. Ако Ви е потребна самодоверба, сетете се на многу славни ќелави личности. Бидете во добро друштво.