Во периодот на вируси и настинки, многу е важно да знаеме како да се заштитиме, но и да му обезбедиме на организмот доволно витамини, за да може да се бори против настинките. Но исто така треба да знаеме и кога и како е правилно да се пијат.
Еден од најпознатите витамини кои помагаат при вакви ситуации е секако, витаминот Ц. Но, дали некогаш сте помислиле дека го земате погрешно и дека си го загрозувате здравјето.
Таблетката витамин Ц може да предизвика рефлукс и да го иритира хранопроводот. Ако сте забележале дека ви се случува ова, тоа значи дека не сте го голтнале апчето со доволно вода или пак, дека можеби треба да го скршите, бидејќи многу фармацевтски компании ги прават доста големи.
Исто така, не треба да пиете повеќе од 1000 мг во денот, бидејќи сè што е над тоа само се исфрла без да се искористи. Ако ви е полесно, сега постојат додатоци во исхраната во вид на прашок или течност, со кои можете да компензирате за таблетите.
Секако, во целиот овој процес особен приоритет има здравата исхрана, која е многу подобра од кој било друг начин на земање на потребните витамини.