Повикувајќи се на неколку експерти во државата компетентни со своето знаење и вокација се успеа да се направи анализа на досегашната состојба во Македонија во однос на вирусот КОВИД – 19, а воедно и да се направи осврт кон еколошката криза која настана како резултат на пандемијата или тек допрва не очекува.

Во овој приказ на графикони ќе се осврнеме само на здравствената криза поврзана со епидемијата од вирусот Ковид-19.
За економската криза која настана како последица на здравствената криза во некој следен текст или на неа ќе се осврне некој друг автор.

За еколошката криза која ќе следи, и која ќе биде огромна ако економските мерки не се соодветни туку промовираат само поделба на средства за зголемување на општата потрошувачка како би „се вратиле во нормала“ во некоја следна прилика. Со оваа анализа само се поставуваат прашањата и се потсетува дека „нормалата“ во Македонија до вчера значеше, најзагадени градови во Европа, скоро први по загаденост во светски рамки, повеќе од 1350 жртви на аерозагадувањето годишно во Македонија.

Да се надеваме дека оној што ги моделира економските мерки за заздравување на економијата, ќе направи филтер на влијание на мерките врз животната средина и пред да „фрла економски мерки од ракав“ ќе анализира дали е потребно да се вратиме во нормала и каква нормала или е потребно да создадеме нова нормала во која ќе живееме во чиста животна средина и за своите деца ќе обезбедиме чист воздух, подобра пешачка инфраструктура, подобар јавен превоз, нови паркови, чисти горива.

Така преку развојот на зелени технологии ќе обезбедиме поголем развој, повисока стапка на поврат на инвестициите и поголема додадена вредност на нашите еколошки Македонски производи.

Ниту една од Владините прес-конференции поврзани со економските мерки не споменаа екологија, животна средина, загадување. Ваквите економски мерки биле можеби добри и препишани од учебниците по економија од пред 30, 50 или 70 години, но во тие учебници ги нема ни зборовите одржлива економија, влијание врз животна средина, циркуларна економија.
Ако на сето ова додадеме дека при последниот предлог ребаланс на буџетот најмногу се крати во делот на средства предвидени за животната средина, станува јасно како оваа влада мисли да се справува со економските последици од кризата. Сака да употреби мерки од минатиот век, за да реши проблем од овој милениум??? Тоа е Невозможно!

На тој начин единствено може да ја замени едната криза (економска) со уште поголема еколошка криза која ќе следува тек допрва. Затоа инсистираме, при моделирањето на економските мерки, да се вклучат професионалци кои циркуларната економија ја разбираат како реалност и кои решавајќи ја економската криза може да почнат да ја решаваат и еколошката!!!

Но, да се навратиме на разгледувањето на здравствената криза:
Вака изгледаат кривите на заболени на земјите кои се справиле (или се блиску до решавање на здравствената криза, или барем првиот удар). Македонија можеби има слична крива со: Но, ако на овој начин продолжиме да „блескаме“, или ако ни е доволно што наместо министер имаме добар портпарол на Министерството за здравство, игра на случајност е како ќе се движиме со кривата. Не дај боже, случајноста на која сме препуштени да не доведе во случај како некоја од следните држави, со кои во моментов имаме сличен тренд:

Се појавува доза на страв и паника кај народот разгледувајќи ги ваквите податоци и поради тоа граѓаните посочуваат дека ако моделирањето на здравствените мерки, се прави по двата критериуми на оваа влада:

1. Да му се удоволи на лицето Зоран Заев или

2. Да се препишат мерки од соседството и при тоа да не се реализираат како што треба, значи само едно дека исходот од здравствената криза ќе биде фатален за уште многу наши граѓани, блиски, пријатели, соседи…

Како што започнале здравствените власти на чело со Министерот за тендери и портпарол на МЗ, Венко Филипче, не очекуваат вакви ситуации во наредниот период, графици со вакви криви и уште многу денови на карантини и хаос како што е покажано на следниот пример:

 

 

Освртот на графикони и целосната анализа се направени од страна на експерти во своите области кои се воедно и членови на Централната  Комисија за животна средина на ВМРО – ДПМНЕ слушајќи го народот, загрижените граѓани и сите оние македонци кои се погодени од сето ова што се случува и ни го презентира оваа ненародна власт во моментот