Скопје руши рекорди по загаденост, а надлежните не преземаат никакви мерки. Доказ за ова е и денешната состојба од студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ .

Владата пролетта донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Со оваа мерка требаше да се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно.