Маслото од палма е најчесто употребувано во храната низ целиот свет. За нутриционистите е важно кој тип од ова масло се употребува.

За здравјето е штетно маслото кое се добива од семките кое се добива на многу висока температура. Во храната се употребува со понизок квалитет, бидејќи цената е ниска е ефектот голем, дава вкусен производ. Ова масло е најголем непријател на здравјето и е причина од кардиоваскуларни заболувања.

Во Македонија ова масло има дозвола за употреба во производството на храна. Најголем проблем е со готовите јадења во рестораните, сендвичарите и пекарите. Освен што имаат тајни за вкусни рецепти, на овие места нема писмено напишано какви масла се користат.

Од агенцијата за храна и ветеринарство со објаснување: Правилникот за информации поврзани со храната, во објектите во кои се произведува и се послужува храна (како што се угостителските објекти, вклучително и пекарниците каде во истиот објект се произведуваат и се продаваат пекарски производи) операторите имаат обврска во менијата, или на местото на изложување на храната или на видливо место за потрошувачите, да ги означи името на производот, составот (вклучително и растителните масла
доколку се употребени во производствениот процес) и алергените.

На терен инспекторите укажуваат на пропустите, доколку не се поправат грешките следуваат казни, велат од агенцијата. Граѓаните објаснуваат дека досега никаде не прочитале вакви упатства, а кога ќе прашале со какво масло е правена тестенината ретко добиваат објаснување, туку нова реклама од трговецот„ се е тазе и убаво“.

Кардиоваскуларните заболувања се високо на листата за причина на смртност, многу европски земји воведуваат забрана на употреба на палминото масло еден од причинителот за овие заболувања.