Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници од АД ,,Скопски пазар” како стопанственик кој управува со зелените пазари почнувајќи од денеска ќе реализираат кампања за преземање превентивни мерки и активности за одржување на поволна здравствена заштита на подрачјето на СВР Скопје во врска со вирусот “COVID 19“.

Активностите во рамки на оваа кампања имаат за цел подигнување на јавната свест и потребата за одговорно однесување на сите нас , со што ќе придонесеме да се постигне заедничката цел, одржување на лична здравствена заштита и заштита на присутните лица на зелените пазари на подрачјето на Град Скопје.

Со кампањата ќе бидат опфатени зелените пазари на ниво на Град Скопје каде од блиску ќе се информираат посетителите и закупците на просторот за начинот на користење на заштитната опрема, потребата за користење како и за санкциите согласно донесените препораки доколку истите не се почитуваат.

Во рамки на оваа кампања граѓаните кои не се придржуваат согласно препораките ќе бидат предупредени на истите ќе им биде поделено заштитна опрема маски и ракавици со укажување дека доколку и понатаму не се придржуваат кон препораките ќе бидат санкционирани.

Фејсбук статус на техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.