Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска од денеска е во задолжителна самоизолација бидејќи минатата недела имала состанок со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој вчера обелодени дека е позитивен на коронавирус.
-Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чувствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома. На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша Царовска на Фејбук.
Состанокот во СДСМ, сепак, не е најголемиот проблем или настан кој направи најголем ризик.
КУРИР неодамна објави како Царовска тера партиска кампања, ризикувајќи го како сопственото, така и здравјето на граѓаните.
Таа заедно со други партиски функционери си тераше партиска, предизборна кампања додека секој граѓанин стравува за сопственото здравје. Не држеше ниту дистанца, ниту носеше ракавици, па делејќи промотивен материјал таа допираше и повозрасни граѓани кои се во најголем ризик од заразувањето.
Главен фактор за ширењето на опасниот коронавирус меѓу функционери, членови и симпатизери на СДСМ е нивната кампања и слепата идеја за брзи избори.
Кампањата на СДСМ и нивната желба за власт може да биде причина за голем број новозаразени, но и жртви.
Мила Царовска оди во изолација, но со денови претходно тераше кампања и загрози илјадници животи.
Освен Царовска други претставници на СДСМ кои отидоа во самоизолација се: Мухамед Зекири кој е позитивен на коронавирусот, Марјан Забрчанец, Дамјан Манчевски.