Со посета на Шуто Оризари, денеска почна карванот за вакцинација против Ковид-19, кој во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД.

– Ја приближуваме вакцинацијата до граѓаните кои се уште не се вакцинирани, поблиску до местото на живеење, со прецизно време и локација, согласно однапред направен распоред. На секое од овие места граѓаните покрај можноста да се имунизираат, тука може да се информираат и за придобивките од имунизацијата против Ковид-19, рече министерот Сали.

Утре, 22 март, од 12 до 16 часот карванот е во Кратово, на плоштадот во градот.

Сите заинтересирани граѓани може да се вакцинираат на 14-те локации од организираниот караван, а секој работен ден и во најблискиот Здравствен дом. Вакцините се многу побезбеден начин за развивање имунитет кон Ковид-19, отколку заразување со вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет.