Катастрофален пад на буџетските приходи во Македонија. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека има голем пад од речиси 30 % од приходите во буџетот.

Таа информира дека заклучно со мај, остварувањето на буџетските приходи изнесува 12,7 милијарди денари што е пад од 24 отсто споредено со истиот период лани, а даночните приходи се 6,5 милијарди денари што е намалување од 28 отсто. Придонесите се реализирани со пет милијарди денари, што е речиси исто на исто ниво како минатата година.

– Реализацијата на даночните приходи според нашето сценарио кое предвидуваше намалување од 31 отсто, е 28, напомена Ангеловска.