Во моментов во Кина се произведуваат 116 милиони медицински и други заштитни маски на ден. За еден месец, производството е зголемено за 12 пати, соопшти денеска Државната комисија за развој и реформи.

Поради ширењето на болеста предизвикана од новиот коронавирус, носењето маски е задолжително во повеќето делови на Кина. Властите соопштија дека успеале да го надминат недостигот на тој производ во тековниот период на епидемија. Се проценува дека во просек се потребни две маски на ден по лице во реони кде е регистриран високо и среедно ниво на заболени од Ковид-19.

Некои групи на население, како што се медицински лица, воени, полициски службеници и општински и владини службеници, добиваат маски бесплатно.