Кина пријави само еден новозаболен пациент и ниту еден смртен случај од ковид-19 во последните 24 часа. Според Националната здравствена комисија, вирусот бил дијагностициран кај лице кое пристигнато во земјата од странство.

Кина, исто така, за 4 мај пријави 15 нови асимптоматски случаи, што е за два повеќе од претходниот ден. Бројот заразени со ковид-19 во земјата достигна 82.881, а како последици од болеста почина 4.633 лица.