Кина стравува од втор бран на епидемијата наречена Ковид-19

Дали Кина ќе се соочи со нов бран на заразени со коронавирус?!! Во Кина се регистрирани нови 108 заразени лица со Ковид-19, што е најголема бројка на заразени во последните…

Дали Кина ќе се соочи со нов бран на заразени со коронавирус?!!

Во Кина се регистрирани нови 108 заразени лица со Ковид-19, што е најголема бројка на заразени во последните 6 недели. Најголем број на случаи се регистрирани кај луѓе вратени од странство.

Ова е најголемата бројка на новозаразени уште од 5 март кога биле регистрирани 143 новозаболени. Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека од 108 заразени дури 98 лица се луѓе вратени од странство. Иако бројот на заболени е намален од почетокот на епидемијата, Кина стравува дека враќањето на луѓето од странство може да предизвика втор бран на епидемија во земјата, со што Кина повторно би се парализирала.

Во провинцијата Хеилонгџијанг која се граничи со Русија, забележани се најмногу новозаболени-56, од кои 49 се повратници од Русија.


Related Articles