Македонските пациенти секојдневно се среќаваат со оваа слика, расфрлано ѓубре, несредени улици, хаос од автомобили, преполни канти за отпадоци, слика која не доликува на една здравствена установа од помал калибар, а да не збориме дека ова е слика со која се соочуваат пациентите од цела Македонија во најголемиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Додека Филипче, сеуште актуелниот министер за здравство спие по некоја канцаларија или ги игнорира сите вакви нереди и хаос, расфрланото ѓубре расте, исто како што расте и хаосот во здравствениот систем во Македонија. Тој не е кадарен да го среди ниту едното ниту другото, пациентите незнаат кога треба да дојдат, кога да се појават на лекар, системот мој термин доцни за секој преглед со час и половина до два часа, пациентите имаат замерки на докторите кои спрема нив се однесуваат како да се дома кај нив на гости, дрско, нетолерантно, нељубезно и без трошка почит кон нив како човечки суштества, да не збориме како пациенти.

Згора на сето ова, клиничкиот центар станува потенцијално место за развој на болести, зарази, бактерии, нулта местото на кое наместо да се лечат пациенти ќе почнат да се појавуваат разно – разни комбинации на вируси, бактерии и болести кои на ова топло време во комбинација со влажноста во пладневните часови, врнежите и другите фактори кои влијаат на развој и создавање на потенцијален извор, жариште за болести и нема да дозволат да има здрав човек кој може да се спаси или неговиот имунитет да се одбрани од ваквите наезди на болести од којзнае какви рамки, со целото тоа натрупано ѓубре.

САМО и САМО затоа што министерот за здравство не бере гајле и не води грижа за чистотата во клиничкиот центар, службите кои треба да му работат и да се грижат клинички да биде чист тоа што не работат и не им е ама ич гајле, Филипче тоа не го засега. Тоа што не му работат овие служби и условите кои треба да ги обезбедуваат за пацииентите не се обезбедени не е предмет на мислење сега министерот тоа не го дозволува, мислете на друго нешто, во клинички нема ѓубре, во клинички нема ѓубреее…..молам?

Ова се условите, натрупаното ѓубре, полните контејнери, пикавци, кеси, отпад од органско потекло, како и болестите и бактериите на кои сме изложени сите денес што директно ќе се појавиме или ќе поминеме покрај или низ клиничкиот центар, да не збориме за родилките кои се во најкритичниот и најранливиот период за нив, да не збориме за новороденчињата кои само што дошле на овој свет и се без никаков имунитет, да не збориме да повозрасните, изнемоштените, болните од одредена инфекција или вирус, да не збориме за оние пациенти кои се со рани кои треба да зараснат, а се изложени или постои можност да бидат потенцијално изложени на сите овие вируси, бактерии, жаришта на инфекции, создадени во купиштата ѓубре кое се трупаат на клиниките, да не збориме за сите овие пациенти кои потенцијално може да се заразат, да предизвикаат епидемија или помасовно заразување на населението со за нас нов и непознат вирус. Да не збориме за сето ова да не го вознемируваме министерот кој удобно си седи во својата фотеља и министерува, зошто тоа му е само задача, да седи и ништо да не прави, си станал министер, од татко му е наследено столчето, тој нема никакви обврски….како да не, најголемата одговорност ја носи тој, најголемите обврски ги има тој кон пациентите, кон болните, кон сите погоре наведени категории, тој треба сите нив да ги заштити, не да се прави недоветен и да не се појавува никаде!

На овој начин сите сме потнецијално загрозени и во состојба на ризик затоа што министерот Филипче не сака да си ја врши работата, не е во можност да и каже на колешката која е директорка на паркингот на клинички центар и службата за чистење на клиничкиот дека треба да си ја врши работата за која го добила тендерот, не е клиничкиот центар нејзин вилает па, да прави што сака па, ако треба и да го остави да плива во ѓубре.

Но, по се изгледа Филипче не е натрениран и не читал карате како Дардишта, згора на тоа таа му е колешка од коалициониот блок ДУИ, сега пред да се донесе и помине спогодбата за името не смее да ја љути Командант Шкодране од ОНА, зошто тоа лошо ќе се рефлектира на нивната здрава врска како коалициони партнери во власта и може да не помине штетниот договор за државата кој го турка оваа власт по секоја цена со Филипче како министер за здравство.

Затоа најпаметно на Филипче му е да премиже, премолчи и да се прави дека не гледа колку ѓубре има во клинички, каде има ѓубре да се прави дека гледа цветови и кокичиња, да молчи и никаде да не се појавува, ништо да не коментира и во ниеден случај да не се замери со Командант Дардиште, затоа што според неговото министерско начело, малку ѓубре ваму-таму на никого не му наштетило, тоа е здраво од друга страна за да се зајакне македонскиот пациент, не само мамини мази се научиле ме боли ова, веднаш апче, ме боли грло веднаш антибиотик, настинат сум веднаш инекции, нека македонскиот пациент се стрпи малку, сега барем додека да помине ова со штетното име и договорот со Грците, па после тоа ќе видиме дали навистина нешто им е на македонските пациенти или тоа само се глуми.

А, Ако им е навистина зорт нека почекаат, нека се стрпат, овој министер не е за вас, ниту за ѓубрето, за здравството најмалку, тој ниту има на ум, ниту планира нешто да смени, поправи или направи. Нека се стрпат пациентите ќе дојде со време друг министер, па од вас ќе има и среќници кои ќе го дочекаат, со тоа ќе почнат да идат работите во здравството на подобро, јас како неврохирург толку можам!

Народот чека оставка од ваквите инстант министри кои не се грижат за македонските пациенти, бараме оставка, не ни треба ваков министер, за угушивме во ѓубре на клинички, а тој ништо не превзема, оставка за оваа власт и за министерот – порачуваат граѓаните од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.