Сите знаеме дека тофуто е доста хранлив и полн со протеини. Но ако ве запрашаат да го објасните тофу, сем да кажете дека е добра замена за месо, дека го користат вегетаријанците, друго не знаеме. Во Куна и Азија овој производ се користи секојдневно, и да доста е хранлив и неверојатно богат извор на протеини.

Тофуто се прави од сушени соја зрна, кои се топат во вода, се мелат во соино млеко, потоа смесата се процедува, загрева и остава да коагулира. Бидејќи процесот на правење на тофу е сличен со процесот на правење сирење, така и неговата текстура, како и на сирењето, се разликува.

Во Кина се конзумира повеќе од 2.000 години. Нутритивно тофуто има малку калории, богато е со железо, може да има висока содржина на калциум или магнезиум во зависност од коагуланси што се користат во процесот на производство.

Во Кина овој производ се служи како храна кога се оди во посета на починатите, со верување дека тофуто е храна доволно мека за да можат да ја јадат духовите на починатите.

Иако овој производ ги содржи сите есенцијални амино киселини кои му се потребни на еден човек, луѓето денес се загрижени од фактот дека поголемиот дел од сојата во светот се одгледуваат во САД, а многу голем дел е генетски модифициран (ГМО). Иако гласините за ГМО се контраверзни, истражувањата досега не утврдиле дека се штетни по здравјето на луѓето. Но секако имате избор да заобиколите ваков производ.

Како и секоја растителна храна, тофуто содржи антинутриенти, како трипсин инхибитори- соединенија кои го блокираат ензимот потребен за правилно варење на протеините и фитати- соединенија кои ја намалуваат апсорпцијата на минерали, како што се калциум, цинк и железо.

Дел од луѓето се грижат за овие антинутриенти, за кои не треба да се крева многу голема паника, бидејќи при процесот на обработка и добивање на тофу се деактивираат и елиминираат дел од овие антинутриенти. На пример подготовката на соја зрната за процесот на создавање на тофу го намалува нивото на фитати до 56% и инхибиторите на трипсин до 81%, а истовремено ја зголемува и содржината на протеини за 13%. Ферментацијата исто така ги намалува антинутриенти.

Сојата содржи природни растителни соединенија наречени изофлавони, кои функционираат како фитоестроген кој може да ги активира естрогенските рецептори во вашето тело и да создава ефекти слични на хормонот естроген,но со послаб интензитет.

Според податоците од повеќе научни истражувања докажано е дека покрај овој бенефит, ова соединение влијае врз здравјето на коските, изофлавоните од соја имаат позитивно влијание врз меморијата и функцијата на мозокот особено кај жените, но исто така има влијание и врз одржување на вашата телесна тежина, односно ви помага во губењето на килограмите.

Но секако не заборавајте дека урамнотежената исхрана е таа што го дава здравјето. Па имајте на ум дека не можете да се потпрете само на тофуто како извор на железо и други хранливи состојки.