Постојат видови на храна кои во никој случај не би требало да ги чувате во фрижидер, еве некои од нив.

Леб

Ако го чувате лебот во фрижидер, тогаш тој многу бргу ќе стане тврд и побргу ќе се расипе.

Лук

Кога го оставате лукот во фрижидер тој ја губи својата арома, но затоа се останато што имате во фрижидерот ќе ви замириса на него.

Компир

Ако компирот го чувате во фрижидер, тој ќе го загуби својот препознатлив вкус, па нема да биде вкусен за јадење.

Домат

Доматите кога се чуваат во фрижидер лесно омекнуваат и губат арома.

Кромид

Ладното од фрижидерот ќе направи кромидот да ја загуби аромата.

Мед

Медот кристализира на ниски температури, што значи дека ќе стане потврд и нема да може повеќе да се растегнува. Ако го чувате во остава, ќе трае подолго и ќе биде помек.

Босилек

Босилекот не поднесува ладно. Чувајте го на работната површина во кујната во свежа вода.

Портокал

Од ладното, кората на портокалите станува груба и тие губат на вкус, затоа подобро е да ги чувате на собна температура.

Кечап

Тој сам по себе содржи доволно конзерванси, па нема потреба да се чува во фрижидер.

Маслиново масло

Ако маслиновото масло го чувате во фрижидер, тоа ќе се згусне и ќе почне да наликува на путер.