Кокосовата вода е природен еликсир за вечна младост, тврдат индиските научници.

Освен ефектот на подмладување, кокосовата вода прави чуда кога станува збор за ослободувањето од вишокот на килограми.

Кокосовата вода е одличен начин за одржување на течностите во вашето тело на оптимално ниво, особено заради уникатниот состав на електролит. Тоа значи дека, со помош на кокосовата вода кожата ќе остане еластична, хидратирана и мека.

Кокосовата вода е како плазма во својата молекуларна структура и во неолку војни била користена како солен раствор, односно инфузија.

Една чаша кокосова вода содржи 46 калории, а е многу хранлива за организмот. Колку за споредба, кокосовото млеко содржи дури 550 калории. Научниците веруваат дека кокосовата вода може да ни помогне да ослабеме. Слатката вода не тера да заборавиме на слатките и ни помага да ја отстраниме потребата за храна.

Кокосовата вода не содржи масти, туку природен шеќер и минерали, а богата е со магнезиум, калиум и влакна, кои го подобруваат варењето.