Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пред неполн час на својата официјална фејсбук страна објави пост во кој се посочени предлози како полесно да се справиме со епидемиолошката состојба во државава.

Состојбата со коронавирусот и новиот британски сој кој брзо се шири станува проблем и за Македонија, некои од градовите зборуваат за карантин, а сега Комисијата за заразни болести предлага полициски час. Ковид центрите се полнат со пациенти, а бројот на заболени на дневна основа постојано се зголемува. Македонија се соочува со трет пик за кој во светот се зборува дека може да биде позаразен и треба посериозно да се сфати бидејќи мутациите на коронавирусот се шират побрзо од вообичаено.

Во исто време Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ прашува каде беа досега Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче? Зошто беше воведена кризната состојба?

Во продолжение ви го пренесуваме објавениот пост во целост:

– Епидемиолошката состојба во Македонија е влошена повеќе од две недели. Каде беа до сега Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче? Зошто беше воведена кризната состојба, дали за да доцнат со анализи и бавно да се носат одлуки? Предлагавме, а и во оваа прилика предредлагаме:

– ПРВО, без исклучок почитување на мерки, маски, дистанца, дезинфекција.

– ВТОРО, засилена контрола на работни простории, како и засилена контрола на отворени места, како парковите, места каде се групираат младите и повеќе луѓе, во текот на цел ден, како и навечер каде се собираат младите.

– ТРЕТО, веднаш да се обезбедат вакцини, бидејќи полициски час не се знае колку ќе помогне со ваква дневна раздвиженост.

– ЧЕТВРТО, да се има слух за барањата на локалните власти, секоја општина е своја приказна.

– ПЕТТО, задолжителна изолација/карантин за лицата кои се вратени од земји во светот каде епидемијата е вон контрола.