Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата фејсбук страница ја изрази својата загриженост во однос на изложеноста на здравствените работници на новиот коронавирус, како и недоволната информираност без насоки за дејствување на самиот медицински персонал. Тие бараат од министерството за здравство стратегија за сопирање на епидемијата и посочуваат дали оттаму се свесни за тоа колку медицинскиот персонал е загрозен и изложен во рамките на своето дејствување на новиот коронавирус.
„Двајца лекари на Клиниката за инфективни болести во Скопје се тестираат дали се заразени со коронавирус. Иако немаат никакви симптоми, тие ќе бидат тестирани затоа што присуствувале на конгрес во Мадрид, каде еден од предавачите бил заразен од корона вирусот.
Ова е потврда дека здравствените работници и лекарите, се оние кои се најизложени на новиот вирус Корона. Има и неколку починати од белите мантили кои што биле во првите редови во борбата со вирусот во Кина. Заради сето тоа потребно е подготовка на медицинскиот персонал, потребна е стратегија за сопирање на епидемијата.
Да се минимизираат грешките кои што секојдневно се случуваат заради тоа што медицинскиот персонал нема доволно информации, ниту насоки за дејствување.!!!“ – пишуваат од комисијата.