Од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ веќе во два наврати на својата фејсбук страна, посочуваат и упатуваат барање до министерот за здравство, Венко Филипче, под итно да достави соодветна опрема за лекарите и медицинскиот персонал со цел безбедно да можат да си ги извршуваат своите секојдневни задачи кои вклучуваат и третман и лекување на пациентите заразени со коронавирусот.

Во време на пандемија на коронавирусот, лекарите и медицинскиот персонал остануваат да бидат во првите редови на борбата против овој вирус. Тие секојдневно се сретнуваат со потенцијални заразени или носители на ковид-19 и доколку го немаат потребниот заштитен материјал за работа како маски, ракавици и скафандери за еднократна употреба, директно се изложуваат себеси и своето здравје на опасниот коронавирус. Она што загрижува е што секој еден здравствен работник кој ќе биде заразен со коронавирусот, тој несвесно во фазата на инкубација може да го рашири и пренесе истиот на колегите, своите домашни и сите оние со кои ќе стапи во контакт.- посочуваат дел од здравствените работници со кои стапивме во контакт.

Затоа од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ порачуваат министерот за здравство, Венко Филипче, наместо да одржува прес конференции по два пати на ден, да испрати во најбрз можен рок опрема за лекарите и медицинскиот персонал.

Вака ли не оставате? – прашуваат од комисијата.