„НЕМА РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ВРАБОТЕНИТЕ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО ВО ЗДРАВСТВОТО, АМА ИМА ВЛАДИНИ “ПОЗДРАВИ И ЧЕСТИТКИ” ОД УТРЕ ДА НЕ ДОАЃААТ НА РАБОТА

❗️❗️,,Почитувани колеги како што сте информирани до сега не ја добивме согласноста за договорите на дело. Треба да ги известите вработените со договор на дело од утре да не доаѓаат на работа”, оваа “честитка” упатена од Владата на СДС и ДУИ е пратена до директорите на здравствените установи кои добиле задолжение да ги информираат своите вработени

❗️Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по помпезните најави за вработување кадар со договор на дело предупреди дека се предизборно и манипулативно најавени и се уште едно во низата лажни ветувања кон здравствениот кадар дадени од оваа Влада

❗️Па така, деновиве здравствени работници со договор на дело во Здравствениот дом Скопје и на скопските клиники останаа без своите работни места, како заслуга за пожртвуваноста и нивните натчовечки напори да се справат со секојдневните предизвици во здравствениот систем

➡️ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже што значи вистинска грижа за медицинскиот кадар давајќи фокус на унапредување на статусот на здравствените работници и нивно задржување во Македонија“, стои во нивниот пост на Фејсбук.