Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на својата официјална фејсбук страна објави пост во кој се опишува сведоштво на медицински сестри кои биле повикани на работа во ГОБ „8 Септември“. Тие се жалат на лошите услови во кои биле сместени, но и на однесувањето на надлежните во болницата со кои им било забрането да зборуваат, а доколку посакале такво нешто веднаш им се заканувале со дисциплински постапки. Во продолжение ви го пренесуваме објавениот пост во целост:

– Не повикаа на 14.06.2020 со образложение дека во ГОБ „8 Септември“ има очајна потреба од помош. Имавме само два часа да се подготвиме и да заминеме. Кога стигнавме во „8 Септември“, прво условите во кои бевме сместени беа доста лоши. Се работеше за хотел што беше буквално во ужасна состојба. Реагиравме на тоа, па на преместија на друго место.

– На првиот состанок со главната сестра во „8 Септември“, стана збор и за исплатата. Ни кажаа дека ќе бидеме исплатени на истиот начин на кој што ги исплаќаат и нашите колеги. После еден месец земавме плата. Не ни е исплатено буквално ни денар!

– Директорите на институциите во кои работиме, буквално креваат раменици и се правдаат за некаков допис што стигнал од министерство. Веќе не ни дозволуваат ни да одиме кај нив во канцеларија за разговор, со закани за дисциплински постапки. Треба секој да помогне во борбата со короната, но надлежните се одговорни и мора да им дадат одговори на лицата кои се во првите редови на борбата.