-Премиерот Зоран Заев не е загрижен што нема вакцини. Загрижен е како што вели „на крајот да не сме се доведеле во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација“!, посочуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на денешниот ден тие на својата официјална фејсбук страна објавија текст во кој предупредуваат и посочуваат на како што велат тешките глупости кои премиерот Заев и Министерот за здравство Венко Филипче им ги кажуваат на македонските граѓани. Иако направија спектакл од добиената донација од Србија не успеаја да обезбедат ниту една вакцина. Наместо стартот на преговори за вакцини да се случи пред половина година, сега само питачат и пресметуваат како да ги поделат процентите од набавката за вакцини, посочуваат од Комисијата.
– Работа на Заев и Филипче беше, а за жал, се уште и е да набават вакцини. Си ја знаат структурата на населението, а може да направат и дополонителна прецизна проценка. Наместо проценка и старт на преговори за вакцини од пред половина година кога сите тоа го правеа, тие питачат и сметаат само како да ги поделат процентите од набавката на вакцини. И математиките не излегуваат и нема ни вакцини. Срамно!
– Се вакцинира дел од медицинскиот кадар, а треба сиот. Треба да се вакцинираат и оние од 65 па нагоре, а ги земаат во предвод за некоја наредна која кој знае кога ќе дојде само оние над 70. Што е со оние со низа на хронични болести.Што е со онаа работоспособна популација која секојдневно има многу контакти. Не само лаги, Заев и Филипче почнаа да кажуваат тешки глупости. Фатете се за работа, а кога тогаш ќе одговарате!, се вели во објавата на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.